Роналдо за новиот клуб би можел да дебитира против Реал Мадрид!

Откако Кристијано Роналдо се збогува со Ал-Наср, веднаш почнаа шпекулации за неговата иднина.

Најгласни се тие дека ќе остане во Саудиска Арабија и ќе го облече дресот на Ал-Хилал.

Роналдо сака да игра на Светското клупско првенство, а Ал-Хилал ќе настапува таму.

Ако Португалецот навистина потпише за овој клуб, неговото деби ќе биде против Реал Мадрид. 

Во првото коло од Светското клупско првенство се среќаваат Ал-Хилал и Реал Мадрид.