ПСЖ психички го малтретирал Мбапе, Французинот ќе го возврати ударот
Како што е познато Мбапе се тужи со ПСЖ поради сумата од 55 милиони евра која очекуваше да му биде исплатена во летото кога не го продолжи договорот и се преели во Реал Мадрид.
Во својата одбрана ПСЖ тврдеше дека Мбапе вербално му потврдил на претседателот Ал-Келаифи дека се откажува од бонусот ако не потпише нов договор.
Иако федерацијата пресуди ПСЖ да ја исплати сумата на Мбапе, ПСЖ продолжи да бара правда.
Но, медиумите во Франција пишуваат дека во Париз се свезни дека не може да се повикуваат на верблаен договор во судска постапка, па така сакаат само да го вознемируваат фудбалерот.
Поради тоа сега Мбапе одлучил да го тужи ПСЖ за психичко малтретирање.
Исто така Мбапе во тужбата го додал периодот од 2023 година кога бил отстранет од тимот бидејќи не ја продолжувал соработката.