Пред пет години играа во Европа, а сега ги изгубија сите натпревари во сезоната (ФОТО)

Според официјалните податоци од 107 професионални лиги во рамките на УЕФА, во 55 земји членки, најлошиот клуб во Европа моментално доаѓа од Турција. Станува збор за екипата на Јени Малатијаспор клуб, кој пред само пет години играше во Лигата на Европа и се бореше за врвот во турскиот шампионат.

Денес, сликата е сосема поинаква.е закован на днотото со ужасен биланс од 36 порази во 36 натпревари и со примени дури 138 голови и постигнати 36. Исто така имаат и негативно салдо на бодови од -21.

Овие резултати не се само спортски пад, туку одраз на голема трагедија. Малатијаспор беше еден од најпогодените клубови од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција пред две години. Во таа несреќа, животот го загуби и голманот на клубот, Ахмет Ејуп Туркаслан, чие тело беше пронајдено под урнатините.

Поради тие шокантни настани, клубот одлучи да не учествува во натпреварувањето, а Турската фудбалска федерација се обиде да помогне, резервирајќи му место во втората лига за да му овозможи враќање на терените. Но, по неколку месеци неактивност, Малатијаспор се врати во првенството со серија катастрофални резултати, што по се што се случуваше и не беше преголемо изненадување,

На сите проблеми се појави и ФИФА која им одзеде дополнителни 21 бод поради административни и финансиски проблеми, што само ја зацврсти неговата позиција како најслаба екипа на континентот.

Фото: Yeni Malatyaspor Kulübü/FB