Потег за респект: Ветеранот Казорла доби плоштад со неговото име
Легендарниот Санти Казорла таа 2001 година имаше 16 години и настапуваше за младите категории на овој клуб, подоцна преку Виљареал, Асенал, Малага и репрезентацијата на Шпанија направи голема кариерата.
Со Шпанија успеа да стане европски шампион во 2008 и 2012 година, а поради повреда го пропушти Мундијалот во 2010 година каде што Шпанија ја освои светската титула.
Пред две години кога имаше 38, Казорла место да се пензионира одлучи да се врати во Овиедо за да му поомогне на клубот каде што ги направи првите чекори, па така пред две вечери на 40 години ја прослави промоцијата во Ла Лига.
Поради тоа градоначалникот на Овиедо Алфредо Кантели одлучи плоштадот во градот каде што навивачите вообичаено ги слават победите, место „Плоштад Америка“ да се вика „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025