Погба пред договор со новиот клуб, наскоро се враќа на фудбалот

Францускиот фудбалер Пол Погба и светски шампион од 2018 година, кој е надвор од терените речиси 20 месеци, би можел да ја продолжи кариерата во американската МЛС лига. 

Како што пренесуваат американските медиуми, Погба преговара со клубот тимот на Ди-Си јунајтед од Вашингтон.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Јувентус, во ноември минатата година спогодбено го раскина договорот со италијанскиот клуб, а поголемиот дел од своето време го поминува во својот дом во Мајами.

Првиот човек на Ди-Си јунајтед, Џејсон Левиен, веќе имал неколку средби со менаџерот на Погба, а еднаш се сретнал и лично со играчот. Иако засега е без клуб, Погба сѐ уште не донел конечна одлука за иднината. Како можни опции се споменуваат продолжување на кариерата во Европа, преселба во САД или пак трансфер во Саудиска Арабија.

Пред два месеци се шпекулираше дека би можел да потпише за Интер Мајами, клуб чиј косопственик е Дејвид Бекам, а главна ѕвезда Лионел Меси.

Фото: Juventus F.C/X