Перез бил воодушевен од новото засилување: Како да си тука десет години!

Реал Мадрид против Пачука ја запиша првата победа под водство на Чаби Алонсо (3-1), а во овој, но и во претходниот натпревар кога „кралевите“ ремизираа со Ал Хилал одличен на теренот беше Дин Хујсен.

Во овие два натпревари Хујсен имаше најмногу допири со топката од таборот на Реал Мадрид, 79 против саудискиот клуб и 97 во триумфот над Пачука.

Со одличната и сигурна игра Хујсен го воодшевил и претседателот на клубот Флорентино Перез кој разговарал со него по натпреварот во соблекувалната.

„Одигра одличен натпревар. Изгледаше како да си тука десет години“, го пофалил Хујсен првиот човек на „кралевите“.

Хујсен посебно се истакнал и поради исклучлувањето на вториот стопер Раул Асенсио кој заработи црвен картон уште во седмата минута. За услугите на шпанскиот репрезентативец, Реал Мадрид му плати сума од околу 50 милиони евра на премиерлигашот Бормут.