
Нови детали: Леверкузен купувал фудбалери, а Тен Хаг ништо не знаел!
Имено, Леверкузен одигра реми 3-3 против Вердер и тоа откако водеше со 3-1 и имаше фудбалер повеќе на теренот, а веќе наредниот ден Леверкузен објави дека Тен Хаг заминува.
Но, наводно Холанѓанецот бил исклучен од проектот уште пред тој натпревар да се одигра. Последните информации од Германија говорат дека тој воопшто не бил информиран за доведувањето на Лукас Васкез од Реал Мадрид и за тоа дознал од медиумите, тој трансфер беше потврден неколку дена пред дуелот со Вердер.
Ова е само доказ дека лошата атмосфера со Тен Хаг се создала уште пред почетокот на сезоната во текот на припремите.
Фото: Bayer 04 Leverkusen