
Првиот спортски самит во Скопје - настан за гордеење
Овој настан ќе ги обедини највисоките носители на спортските политики од регионот вклучувајќи ги и министрите за спорт од Република Србија, Зоран Гајиќ и Црна Гора Драгослав Шчекиќ кои заедно со македонскиот министер Борко Ристовски ќе бидат дел од клучните дискусии за иднината на спортот во регионот. На настанот збор ќе имаат и легенди како Горан Пандев и Предраг Мијатовиќ.
Преку панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување, учесниците – меѓу кои министри, спортски федерации, претставници на спортски клубови, бизнис лидери, академии, медиуми и визионери – ќе имаат можност да иницираат конкретни проекти и партнерства насочени кон унапредување на спортот, промоција на здравиот начин на живот и зголемување на улогата на спортот во креирањето одржливи општества.
Големиот настан ќе почне со говор на министерот Борко Ристовски и вицепремиерот Љупчо Димовски, а потоа Горан Пандев ќе раскаже мотивациска приказна.
Настанот е предвиден во девет панели. Првиот панел ќе биде: „Како спортот ја обликува иднината на Балканот: Преку соработка до успех“.
Панелисти на оваа дискусија ќе бидат тројцата министри, Борко Ристовски (Македонија), Зоран Гајиќ (Србија) и Драгослав Шчекиќ (Црна Гора).
Значајни панелисти ќе има и на вториот панел: „Менаџирање и инвестиции во спортот“. На овој панел ќе дискутираат: Михајло Михајовски (РК Вардар), Жељко Танасковиќ (СД Партизан), Предград Мијатовиќ (ФК Партизан), Масар Омерагиќ (ФФМ) и Зоран Стерјов (РК Пелистер).
Третиот панел на едно место ги става парите и спортот: „Спонзорства во спортот. Како до профитабилни партнерства“.
На овој панел учесници ќе бидат: Марко Лопачиќ (Мтел), Марјан Манчев (С Лизинг), Сашо Наумоски (Витаминка), Томислав Главчев (КФМ), Александар Стефанов (РФМ), Гордана Кочоска Димитриеска (Министер за финансии), Ирена Јакимовска (Комфи Ангел).
Четвртиот панел ќе биде за „Спортска инфраструктура и развој“. Ќе се зборува како да се подобри спортската инфрастркутира во Македонија, државни и приватни инвестиции, модернизацијата на спортските објекти...
Панелисти на оваа тема ќе бидат: Борко Ристовски (министер за спорт), Орце Ѓорѓиевски (Претседател на ЗЕЛС), Масар Омерагиќ (ФФМ), Леонид Јандреоски (Ген. Сек. ФФМ), Кирил Пецаков (Градоначалник на Охрид), Гордана Нацева (Поранешна ракометарка и член на РФМ).
Во петтата панел дискусија на сцената ќе стапат познатите спортисти, насловот е „Искуства на успешни спортисти: Патот до врвот“.
За животот на спортистот на меѓунардорната сцена, разликите меѓу национални и глобални лиги, мотивација, посветеност и ментална сила ќе зборуваат: Бобан Илиоски, Горан Пандев, Индира Кастратовиќ, Дарко Панчев, Мила Релјиќ, Предраг Мијатовиќ и Шабан Трстена.
Шестиот панел ќе биде „Новото време на спортот. Спортска дипломатија, развој, маркетинг и медиуми”.
На овој панел ќе се обратат: Агим Ибраими (ФФМ), Михалис Рокас (Амбасадор на ЕУ), Игор Стефановски Иџе (Професионален возач), Рафаел Сориано Ориз (Амбасадор на Шпанија), Горан Антевски (новинар), Златко Андоновски (портпарол на ФФМ).
Седмиот панел ќе ја опфати медицината, тој е насловен како: „Медицината како темел на спортските успеси“.
Тука ќе се обратат: Светозан Антовски (декан), Лазар Тодоровиќ (доктор), Др. Настов, Јасмина Плунчевиќ (Спортска медицина физиологија), Серјожа Гонтјарев, Ленче Алексовска (психолог).
На осмиот панел ќе се зборува за младинскиот спорт, насловот е: „Младински спорт и развој на таленти“.
На овој панел ќе говорат: Елена Мицковска (претседател на Федерација на училиштен спорт), Жељко Танасковиќ (претседател на светска федерација на училишни спортови), Кирил Калеников (потпретседател ОФМ), Мила Релјиќ, Александра Дичовска (ЕУ спортови), Лино Червар, Горан Ѓоргоновски.
Денот ќе биде затворен со последниот деветти панел: „Национална стратегија за развој на спортот 2025-2028“.
Тука ќе дискутираат: Борко Ристовски (министер), Масар Омерагиќ (претседател на ФФМ), Александар Стефанов (претседател на РФМ), Петар Јовановски (претседател на ОФМ) и Томислав Главчев (претседател на КФМ).