
ЖФК Вардар се враќа на сцената - доаѓаат екстра засилувања!
Нови имиња во редовите на црвено-црните се Јована Најдановиќ, Љубица Асановиќ и Александра Јовановска.
Најдановиќ која пристигнува како засилување во средниот ред доаѓа од Србија, каде настапуваше за ЖФК Раднички – Пирот и во дресот на Вардар ќе дебитира во Првата женска фудбалска лига во Македонија.
Асановиќ пристигнува од редовите на ЖФК Истатов, а Јовановска во минатата сезона го носеше дресот шампионот ЖФК Љуботен со кого летово беше дел и од квалификациите за Лигата на шампионите.
Тие се придружуваат на младиот состав на Вардар од кој во клубот имаат големи очекувања во актуелната сезона.