
Охриѓанецот Осман и другарите го расплакаа дрим-тимот на Србија!
Двете репрезентации не беа премногу ефикасни во нападот во првата четвртина, која ѝ припадна на Турција со 19-18, но затоа во следната се разиграа двете екипи, па Србите го преземаа водството на полувреме (49-46).
Турција во вториот дел го враќа водството и влегува во последните 10 минути од натпреварот со 74-73, по што следеше голема драма во последната четвртина каде што двете екипи на моменти имаа предност, но Охриѓанецот Чеди Осман и другарите успеаја во завршницата да го расплакаат дрим-тимот на Србија со 95-90.
Шенгун беше најефикасен во победничкиот тим со 28 поени, 13 скокови и осум асистенции, додека Ларкин запиша 23 поени и девет асистенции, а Осман додаде 16 поени, еден скок и две асистенции.
На спротивната страна, Никола Јокиќ застана на 22 поени, девет скокови и четири асистенции, додека го следеше Гудуриќ со само 12 поени.
Турција со оваа победа си закажа натпревар против Шведска во осминафиналето, додека Србија ќе се соочи против незгодната Финска.
Фото: FIBA