
Анисимова жестоко и се одмазди на Швјонтек за дебаклот на Вимблдон
Со тоа, таа и се одмазди на својата противничка за дебаклот во финалето на Вимблдон каде загуби без освоен гем (0-6, 0-6). За Анисимова ова е и најдобар резултат во кариерата кога станува збор за американскиот Гренд слем, а во полуфиналето ќе се сретне со Наоми Осака која со 2-0 ја победи Мучова од Чешка.
Првиот сет почна со по еден брејк на двете страни, а одлучувачки беше десеттиот гем кој Анисимова го доби на сервис на противничката. Швјонтек и вториот сет го почна со брејк, но не издржа, го загуби четвртиот гем за израмнување, а потоа и осмиот што и овозможи на Анисимова на свој сервис да стави точка на мечот.
Полската тенисерка со ова го повтори резултатот од лани кога станува збор за УС Опен и со тоа не заработи ниеден поен.