Најголемиот баксуз уплати 300.000 долари на Синер за титула во Њујорк

Последниот гренслем-турнир во годината е при самиот крај, а веќе се познати тројца полуфиналети и тоа се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз и Феликс Оже-Алијасим, додека четвртиот ќе се решава меѓу Јаник Синер и Лоренцо Музети, а за тоа време раперот Дрејк се обложи на тоа кој ќе го крене пехарот.

Раперот Дрејк е познат по неговите големи влогови, меѓутоа исто така важи и за најголемиот баксуз затоа што често греши и губи илјадници евра, а најновиот облог нема да му се допадне на италијанскиот тенисер Синер.

Синер е фаворитот на Дрејк за победник на турнирот во Њујорк и на него уплати 300.000 долари, со што потенцијалната добивка му изнесува 507.000 долари.