Синер продолжи да гази, Музети немаше шанси во италијанската битка

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер без проблеми прескокна уште една пречка на Ју-Ес Опен и со победата над Лоренцо Музети од 3-0 (6-1, 6-4, 6-2) се пласираше во полуфиналето на Ју-Ес Опен.

Не беше убедлив Синер како протв Бублик во претходната рунда кога му дозволи само три гема, но сепак и во овој дуел противникот на најдобриот светски тенисер немаше никакви шанси.

Со овој триумф Синер и ја продолжи својата победничка низа на турнирите на импресивни 26 мечеви, сега е на третото место на вечната листа каде што се изедначи со Новак Ѓоковиќ и Иван Лендл.

Во мечот против Музети, Синер од почетокот го наметна својот ритам. Играше агресивно од основната линија и го присили 10. носител констатно да се брани. Сервисот му беше речиси совршен, освои дури 91% од погодениот прв сервис (42-46). Од друга страна во текот на целиот меч, Музети не искористи ниту една од седумте брејк-топки колку што ги имаше во мечот.

Синер сега го дели само една победа од јубилејните 300 во кариерата и сезонава има импресивен скор од 36 победи и само четири порази. Интересно е што против останатите италијански тенисери е перфектен со 16-0, три од тие победи се против Музети.

За место во финалето, Синер ќе игра против Оже-Алијасим кој претходно со 3-1 во сетови го изненади Де Минор. Ќе потсетиме, во второто полуфинале ќе се сретнат Алкараз и Ѓоковиќ.

Фото: EPA