
„Наполи направи најдобра селекција и пак ќе биде шампион“
По освоената шампионска титула, клубот од Неапол го задржа костурот на тимот, но и се засили со неколку извонредни фудбалери, вклучувајќи го македонскиот репрезентативец Елиг Елмас. Саки е воодушевен од работата на Наполи и прогнозира дека оваа екипа ќе ја одбрани титулата.
„Не сум гатач по професија, но ќе се осмелам да кажам дека Наполи повторно ќе биде шампион“, изјави Саки.
Тоа значи дека Елмас би освоил уште една титула во Серија А откако триумфираше во ова натпреварување во 2023 година.