Пелистер се засили со репрезентативец на Македонија!

Екипата на Пелистер обезбеди ново засилување во своите редови и тоа репрезентативецот на Македонија, Андреј Митревски.

Митревски во Пелистер пристигнува по настапот во претквалификациите за Македонија во кои имаше просек од 10.3, поени, 2.5  скокови и 2.5 скокови по натпреварот..

Изминатата сезона Митревски беше дел од Феникс, а според информациите за него имало интерес од американската НЦАА-лига, но сепак тој се одлучил за Пелистер како подобар избор за продолжување на кариерата.

Битолскиот состав очекува да биде од голема корист на тренерот Даскаловски во амбициите и целите на клубот за новата сезона.