Оже-Алијасим го изненади Де Минор и избори полуфинале на Ју-Ес Опен

Тенисерот на Канада, Феликс Оже-Алијасим славеше против Алекс Де Минор со 3-1 во сетови, односно 4-6, 7-6, 7-5 и 7-6 за пласман во полуфинале на Ју-Ес Опен.

Де Минор го освои првиот сет со 6-4, но потоа во голема борба во тај-брејкот беше поразен со 7-9 во вториот сет.

Оже-Алијасим играше многу добро во третиот сет и го освои со 7-5, додека во следниот повторно во тај-брејк триумфираше со 7-4.

Канаѓанецот во полуфинале ќе игра против победникот од мечот меѓу Синер и Музети.

Фото: EPA PHOTO