Ал-Хилал е минато: Митровиќ се сели во Катар

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ повеќе не беше во плановите на тренерот Симоне Инѕаги и поради тоа го напушта Ал-Хилал, а кариерата ја продолжува во Катар.

Иако се шпекулираше дека би можел да се врати во Европа, сепак Митровиќ реши да потпише за Ал-Рајан, откако двете страни се договориле.

Повеќе детали за ангажманот на Митровиќ се очекува наскоро, а Србинот треба да биде големо засилување за нападот на Ал-Рајан.

Фото: Facebook/AlHilal Saudi Club