Милевски: Дуелот со С. Арабија е предизвик за сите фудбалери, очекувам да дадат максимум!

Македонија утре ќе се соочи против Саудиска Арабија во Прага, а селекторот Благоја Милевски вели дека пријателската средба е одлична шанса за сите репрезентативци.

Милевски посочи дека на овој натпревар ќе може секој од фудбалерите да го покаже неговиот максимум во пресрет на дуелот со Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство (СП) кој се игра за неколку денови.

„Очекувам секој поединец да го покаже својот максимум и да се наметне во зголемувањето на конкуренцијата во тимот. Сакам да видам дека Македонија може, дури и преку оние кои имаат помала минутажа, играчи кои бараат нови средини или подоцна го решија својот клупски статус. Се надевам дека тоа нема да се одрази на нивната физичка подготвеност. Најважно ми е сите да бидат здрави. Саудиска Арабија е редовен учесник на Светските првенства и го гледам дуелот како еден предизвик за сите наши играчи. Мислам дека сите кои ќе настапат, ќе бидат во функција на она што не очекува во недела, тоа е дуелот со Лихтенштајн“, кажа Милевски.

Натпреварот меѓу С. Арабија и Македонија се игра утре од 17 часот.