Бостон потфрли, Шарлот убедливо славеше (ВИДЕО)
Кај победничкиот тим на Шарлот најефикасен беше Кнуапеи со 20 поени, додека Бол и Милер додадоа по 18 поени.
Бостон го предводеше Вајт со 29 постигнати поени, ефикасен беше и Браун кој натпреварот го заврши со 20 поени.
Од останатите натпревари се издвојува тесниот пораз на Јута од Филаделфија, каде што гостите славеа со 106-102. Најефикасен кај Филаделфија беше Макси со 25 поени, додека кај Јута Џорџ уфрли 30 поени.
Останати резултати:
Њујорк – Оклахома 100-103
Мемфис – Портланд 114-122
Милвоки – Атланта 113-131
Клиперс - Индијана 130-107