Неверојатно: НБА ѕвезда се повреди во спиење и прекина низа од 364 натпревари

Неверојатна информација денеска пристигна од САД каде што кошаркарот на Сан Антонио, Харисон Барнс не беше во составот на својот тим за дуелот со Филаделфија.

Причината за неговото отсуство е повреда, но таа се случила навистина бизарно. Имено, додека спиел тој го повредил својот лев скочен зглоб. Меѓутоа со оваа повреда заврши и една негова неверојатна низа. 

Искусниот кошаркар од 2021 година немаше пропуштено ниту еден натпревар, односно неговата серија беше запрена по 364 одиграни натпревари во најсилната лига во светот.

Барнс во својата кариера покрај Сан Антонио беше дел уште од Вориорс, Далас и Сакраменто.