
Елези: Во Полска сакаме бодови, а потоа – со сите сили на Италија!
Еден од главните адути во составот на Горан Станиќ е фудбалерот на Работнички ашмир Елези кој не крие дека верува во квалитетите на тимот.
„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација,“ изјави Елези.
Натпреварот со Полска го играме на 5 септември во 18:00 часот, на стадионот во Краков со капацитет од околу 15.000 гледачи.