Спировски во завршницата го скрши Тетекс за осминафинале на Пелистер

Eкипата на Пелистер многу потешко од очекуваното дојде до осминафиналето од Купот на Македонија откако со 1-2 славеше над Тетекс.

Првото полувреме од натпреварот им припадна на домашните фудбалери кои со голот на Николовски во 35. минута имаа предност на паузата. Песлитер брзо по седум минути игра во вториот дел дојде до израмнување.

Нерешениот резултат беше актуелен се до самата завршница кога искусниот Стефан Спировски погоди за водство на битолскиот состав и победа.

Многу полесно местото во осминафиналето го обезбеди Новаци кој со 0-3 беше подобар од екипата на Пчиња. Сите голови на оваа средба беа постигнати во второто полувреме.

Претходно своето место во осминфиналето го обезбедија Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, ГФК Охрид и Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Беласица.