Проблеми во Кавадарци: Доцни почетокот на вечното дерби во Суперкупот!

Натпреварот меѓу вечните ривали Вардар и Пелистер требаше да почне во 19 часот, меѓутоа почетокот доцни поради проблеми кои се случија на трибините.

Организаторите решија дека навивачите на Пелистер треба да ги ослободат првите три редови од трибините кои се над клупата на Вардар, но битолчани одбија да го направат тоа.

Поради тоа почетокот на натпреварот беше одложен додека ракометарите се убедуваа со навивачите да ги ослободат трите редови од трибините.