Ѓорческа фуриозно во Романија – со два загубени гема до четвртфинале!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа одигра одлично и ја оправда фавоиртската улога против домашната тенисерка Бјанка Барбалеску на тунрирот во Романија.

Ѓорческа своето место во четвртфиналето го обезбеди за само 65 минути игра и со само два загубени гема 2-0 (6-2, 6-0).

Романката на расположената Ѓорческа парираше само во почетните минути кога беше 2-2, а од тој момент македонската тенисерка комплетно доминираше и не дозволи противничката да освои ниту еден гем.

Во четвртфиналето на турнирот кој се игра за награден фонд 40.000 долари Ѓорческа ќе се сретне со Хрватката, Луција Ќириќ Багариќ која денес беше подобра од Србинката Миа Ристиќ со 2-0 (6-2, 6-3).