
Милан може да се засили со поранешниот фудбалер на Реал и Тотнем
Претставниците на Регулион наводно ги контактирале „росонерите“ и им ги понудиле услугите на 28-годишниот дефанзивец кој во изминатите шест години го носеше дресот на исто толку клубови.
Преодниот рок веќе заврши, меѓутоа фудбалерите кои се без клуб имаат можност да засилат некого, па така Алегри би можел да добие дополнително засилување во одбраната.
Регулион кариерата ја започна во Реал Мадрид, сезоната 2019/2020 ја помина на позајмица во Севиља со која ја освои Лига Европа, потоа потпиша за Тотнем. За тимот од Лондон одигра 67 натпревари во текот на две сезони, па беше испраќан на позајмици во Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед и Брентфорд.
Во Тотнем се врати минатата сезона, но одигра само шест натпревари и си замина по исектот на договорот.
Фото: Tottenham Hotspur