
Британците ја шокираа Црна Гора и ја исфрлија од Европското првенство!
Црна Гора веќе имаше победа над Шведска и со триумф над Велика Британија требаше да го завери пласманот во нокаут фазата, но ништо не се случи од тоа.
Клучна беше втората четвртина која Британците ја добија со 23-16, на одморот заминаа со предност од 48-42 и ваквата разлика ја задржаа до крај за конечни 89-83.
Вучевиќ не можеше сам, тој беше најдобар на теренот со 31 поен и 11 скокови, најефикасен кај Велика Британија беше Хесон со 25 поени.
На Британија оваа победа не им значи ништо од натпреварувачки аспект бидејќи пред нив ќе биде Шведска која во најлош случај ќе има исто така една победа, но беа подобри од Британците во меѓусебниот дуел.