Родител влета на терен и унакази 13-годишен голман! (ВИДЕО)

Фудбалски меч меѓу млади фудбалери на турнирот „Супер Оскар“ во Италија го одбележа голем скандал, откако родител на едно од децата влегол на теренот и нападнал 13-годишен голман.

Родителот влетал на теренот и дивјачки го нападнал чуварот на мрежата, при што му нанел тешки повреди, а снимка од инцидентот се појави на социјалните мрежи.

Голманот бил префрлен во болница во Торино, каде што му биле констатирани скршеници.

Да потсетиме, неодамна се случи хаос и во Штип, каде што родител нападна млади фудбалери.