Лајпциг со шест гола го растури Аугсбург, Баерн освои три бода во Менхенгладбах
Лајпциг постигна дури четири гола во првото полувреме, и тоа преку Диоманде, Ромуло Кардосо, Нуса и Баумгартнер, додека во вториот дел стрелаа Оедраого и Лукеба.
Баерн Минхен се мачеше еден час во Менхенгладбах, по што Кимих стрелаше за 1-0 во 64. минута, а набрзо погоди и Гереиро.
Борусија доби шанса во 75. минута од белата точка, но Стогер не реализираше пенал, па казната стигна преку Карл кој ги постави конечните 3-0.