Удинезе го надигра Лече, Парма ремизира против Комо

Фудбалерите на Удинезе триумфираа против Лече со 3-2, додека Парма ремизира со Комо без голови (0-0) во осмото коло од италијанската Серија А.

Удинезе ја најави победата уште во првото полувреме со головите на Карлстром и Дејвис, по што Бериша ја врати надежта на Лече дека може да избегне пораз.

Во последниот половина час Лече се надеваше дека може до реми, меѓутоа Букса им ги урна сите надежи во 89. минута (3-1). Во судиското надополнување падна уште еден гол, откако Ндри погоди за гостите (2-3).

Парма и Комо одиграа дуел без премногу шанси, иако за нијанса подобар ривал на теренот беше домаќинот, меѓутоа мрежите мируваа.

Фото: Udinese