Тошевски погоди против Вестерло, но Дендер освои само бод

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски имаше солиден настап за Дендер и успеа да постигне гол против Вестерло (1-1) во 12. коло од белгискиот шампионат.

Тошевски се запиша во листата на стрелци уште во третата минута од натпреварот, а Вестерло израмни преку Ван Ден Кибус во 65. минута од мечот.

Дендер по 12 одиграни кола сè уште не знае за победа, односно има четири ремија и осум порази.

Фото: FCV Dender EH