МЗТ службено остана без победата над Ангели – настапил играч кој не бил во записникот!
Според соопштението од Куќата на кошарката, аеродромци на оваа средба вклучиле играч, кој не се нашол на списокот предвиден за настап на оваа средба одиграна во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода. Станува збор за Оливер Двојаковски, кој воопшто и не настапи туку само влезе на теренот во првата четвртина, пред да дојде реакција од записничката маса дека неговото име не е во записникот. Но и покрај тоа, аеродромци загубија со службени 0-20, а нема да го добијат ниту бодот наменет за поразениот тим што значи како да претрпеле два порази.
„За пропустот на КК МЗТ Скопје, при кој во игра бил вклучен играч кој не бил наведен на образецот НАТ-1, покрај одговорноста на делегатот (60.1) ќе биде применета и мерката – службена регистрација на натпреварот (20-0 во корист на противникот), при што екипата на МЗТ Скопје нема да добие бод, членови 33.6 и 61.8 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги“, се вели во соопштението на КФМ.
Драстична казна ќе има и за делегатот, кој воопшто не смеел да дозволи Двојаковски да седи на клупата бидејќи не бил на пријавната листа, а не, пак, да дојде во ситуација да влезе во игра. Казна од пауза на четири меча има и за вршителите на делегатската функција на средбите помеѓу Куманово и Феникс, односно Пелистер и Маџари, но без потенцирање кој бил нивниот пропуст. Санкции во траење од четири односно два меча има и за судиите на средбата Кожув-Гостивар, бидејќи направиле грешки кои влијаеле врз резултатот.
Целото соопштение може да го прочитате ТУКА.