Катастрофа за Челси: Сандерленд го замолкна „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Сандерленд со пресврт успеа да го шокира светскиот клупски шампион Челси со 2-1 во деветтото коло од Премиер лигата.

Алехандро Гарначо во четвртата минута погоди за 1-0, но радоста на „сините“ траеше само до 22. минута кога Исидор доби топка во казнениот простор на Санчез и стрелаше за 1-1.

Вистински шок за гигантот од Лондон се случи во 93. минута кога Талби погоди за целосен пресврт и победа од 2-1 на Сандерленд.

Њукасл славеше против Фулам со 2-1, а головите за победничкиот тим ги постигнаа Марфи и Бруно Гимараеш, додека Лукиќ погоди за гостите од Лондон.