Синер го реши Де Минор и ќе се бори за титула во Виена

Италијанскиот тенисер Јаник Синер триумфира со 2-0 во сетови против Алекс Де Минор и се пласира во финале на турнирот во Виена.

Првиот носител на турнирот имаше одличен старт на мечот со четири гема освоени по ред (4-0), по што Де Минор успеа да освои само три во продолжение и да му го препушти првиот сет на Италијанецот (3-6).

Де Минор покажа поквалитетна игра во вториот сет, меѓутоа Синер направи еден брејк повеќе од него кој му беше доволен за 6-4 и пласман во финале.

Синер во финале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Музети и Зверев.