Меси последен пат игра за Аргентина, селекторот и новинарите плачеа – заедно (ВИДЕО)

Актуелниот светски првак Аргентина веќерва против Венецуела во квалификациите за Светското првенство ќе одигра историски натпревар - на „Монументал“ во Буенос Аирес, Лионел Меси ќе го одигра својот последен меч за репрезентацијата на домашен терен.

Ова ќе биде негов 193-ти настап за националниот тим, со кој досега постигна 112 голови и ја предводеше Аргентина до два континентални и еден светски трофеј во последните четири години. Со оглед дека „гаучосите“ веќе обезбедија пласман на Мундијалот наредната година, за 38-годишниот Меси тоа ќе биде последна можност да го брани светскиот трофеј. Натпреварот против Венецуела, пак, останува последен што ќе го одигра пред домашната публика.

Атмосферата во земјата е тажна и емотивна, што се почувствува и на прес-конференцијата во пресрет на дуелот. Селекторот Лионел Скалони со солзи во очите зборуваше за времето поминато со Меси, најпрво како соиграч, а потоа и како негов тренер:

„Да се дели терен со него беше неверојатно. Да му додаваш топка, да освојуваш титули со него – тоа е посебно чувство. Ако ова навистина е негов последен меч, ќе се потрудиме да му овозможиме барем уште еден настап во нашата земја. Треба да уживаме во тоа, како што секогаш велам,“ истакна Скалони.

Емоциите кулминираа кога еден од новинарите, во солзи, му призна дека Меси и тимот му донеле најголема радост во животот. Тогаш се расплака и Скалони, кој му возврати:

„Ова само покажува колкумина сум направил среќни“.