Навивач проба да го ограби Синер додека уште беше на теренот на Ју Ес опен (ВИДЕО)

Бранителот на титулата на Ју Ес опен, Јаник Синер, доживеа непријатна ситуација по победата во четвртфиналето, кога навивач се обиде да ја отвори неговата торба додека се радуваше за успехот.

Инцидентот се случи завчера, во моментот кога првиот тенисер во светот им приоѓал на гледачите за да подели пешкир и да се фотографира. Обезбедувањето веднаш реагира и го спречило обидот.

„Веднаш проверив дали е земено нешто, бидејќи во торбата не чувам само рекети, туку и телефон и паричник. Никогаш досега не сум имал вакво искуство. Сепак, морам да истакнам дека обезбедувањето одлично ја врши својата работа и на теренот секогаш се грижат за нашата безбедност“, изјави Синер.

Италијанецот во четвртфиналето убедливо го совлада сонародникот Лоренцо Музети со 6-1, 6-4, 6-2, а во полуфиналето, в петок на „Артур Еш“, ќе игра против 25-тиот носител, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.