Турците се потсмеваат со Јокиќ – му направија карикатура со Шенѓун (ФОТО)

Кошаркарите на Турција вчера ја совладаа Србија со 95-90 и така го освоија првото мессто во групата на „А“ на Евробаскетот, а одличен натпревар на двете страни одиграа Никола Јокиќ и Алперен Шенѓун.

Поради неговиот стил на игра Шенѓун го доби и прекарот „бејби Јокиќ“ и во вчераашниот натпревар покажа дека прекарот не е случајност. Натпреварот го заврши со 28 поени, 13 скокови и осум асистенции.

Јокиќ на другата страна уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и четири асистенции со три украдени топки.

Таквиот однос на теренот Турците го искористија и да направат карикатура на која Шенѓун го држи Јокиќ во рацете. Покрај фотографијата тие додадоа и „Кој е бејби Јокиќ?“, алудирајќи токму на прекарот на турскиот кошаркар.