Деби гол на Ѓоргиевски во победата на Збројовка Брно (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Мартин Ѓоргиевски денеска постигна прекрасен гол во победата на Збројовка Брно во триумфот од 2-1 против Теплице во Купот на Чешка.

Ѓоргиевски доби одлична топка во 13. минута, по што испрати силен удар и ја затресе мрежата на ривалот за предност од 1-0.

Мартин Римаренко погоди за предност од 2-0 на домашниот состав, додека Бенјамин Ниарко во финишот погоди за конечни 1-2.

Фото: FC Zbrojovka Brno/Photo_Patros