
Голема радост за Зенит: Димитријевиќ со деби од соништата го расплака Дубаи!
Дубаи доминираше во првата четвртина која ја доби со 24-19, по што Зенит покажа знаци на живот и направи пресврт (31-29), меѓутоа новиот европлигаш повторно беше одличен и со двоцифрена разлика (54-44) замина на полувреме.
Големата борба продолжи и во вториот дел, а Дубаи водеше со +19 (74-55) и сè делуваше загубено за Зенит, меѓутоа руската екипа не се предаде, па на крилјата на Димитријевиќ и другарите стигна до неверојатен пресврт (107-103).
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 23 поени, осум асистенции и четири скокови, како и индекс-33, додека на спротивната страна Џанан Муса постигна 25 поени, седум асистенции и четири скокови.
Зенит во финалето на ВТБ Суперкупот ќе се соочи против ЦСКА Москва која претходно ја совлада Црвена Звезда со 89-67.
Фото: БК «Зенит»