Алварез херој на „Метрополитано“ - со хет-трик обезбеди пресврт на Атлетико! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид триумфираа против Рајо Валјекано потешко од очекуваното (3-2) во шестото коло од шпанската Ла Лига.

Хулијан Алварез по само 15 минути игра ја затресе мрежата на Рајо за предност од 1-0, но гостинскиот состав успеа да ја врати неизвесноста со погодок преку Чавариа во судиското надополнување на првиот дел.

Вистински шок следеше за Атлетико во 78. минута кога Гарсија стрелаше за целосен пресврт, меѓутоа набрзо домаќинот преку Алварез израмни на 2-2.

Алаврез во самата завршница го постигна и третиот гол на натпреварот, со што го потврди пресвртот на Атлетико (3-2).

На останатите натпревари, Хетафе ремизираше против Алавес (1-1), додека Реал Сосиедад ја совлада Мајорка со 1-0.

Standings provided by Sofascore

Фото: Atletico Madrid