
Ѓорческа загуби сет, па како брз воз ја прегази Хрватката Лусија за полуфинале!
Не тргна добро Ѓорческа и ги загуби првите четири гема со кои Хрватката поведе со 4-0, а до крајот македонската тенисерка и уште еднаш го загуби својот сервис за 6-1.
Но, во вториот сет Ѓорческа успеа да се врати и возврати на ист начи и сега со 6-1 во своја корист израмни на 1-1. Во третиот сет Ѓорческа беше уште поубедлива и не дозволи ниту гем на противничката за конечен триумф.
Во полуфиналето на турнирот на кој влезе како трета носителка Ѓорческа ќе се соочи со домашната тенисерка, Марија Сара Попа, овој дуел е закажан за утре наутро од девет часот.