Фенер има тројца фаворити за наследник на Жозе - повторно сака големо име на клупата!

Фенербахче неодамна го отпушти Жозе Мурињо и сега чека на именување на нов стратег, а како што стојат работите турскиот гигант повторно ќе има големо име на клупата.

Турските медуми пренесуваат дека новиот тренер ќе пристигне во Истанбул во текот на оваа пауза поради репрезентативните натпревари, а во игра се три сериозни имиња.

Наводно прв фаворит е Лучијано Спалети кој до неодамна беше селектор на Италија потоа, екс-тренерот на Милан и Порто, Сержо Консеисао и Анге Постекоглу кој последниот ангажман го имаше во Тотнем.

Се би требало да биде познато во наредните неколку дена, веднаш по претседателските избори во Фенер.

Фото: Fenerbahce/X