
Трајковски: Не смееме да паѓаме - одиме на три бода против Лихтенштајн!
Трајковски со еден од најубавите голови на македонската репрезентација донесе водство против Саудиска Арабија, но по неговиот погодок примивме два гола и го загубивме мечот.
Сепак, главниот фокус на нашата репрезентација е на мечот во недела против Лихтенштајн, а денешниот меч беше само подготовка за тоа.
„Дадов прекрасен гол, среќен сум поради тоа, но за мене најважен е резултатот бидејќи сите играме како тим. Денеска ова беше контролен натпревар за нас пред Лихтенштајн, беше тешко, не можеме да кажеме дека не беше, противникот ги искористи нашите грешки, но по секој меч гледам да ги извлечам позитивните работи и да ги пренесеме за мечот против Лихтенштајн бидејќи тоа ни е важниот натпревар“, рече Трајковски по натпреварот.
„Десет меча немавме пораз, денеска тоа се случи но нема потреба да паѓаме, некогаш победуваш, некогаш губиш, но треба да ги извлечеме најдобрите работи од секој натпревар и како што кажав многу е важно да се подготвиме за мечот со Лихтенштајн бидејќи тие три бода ни се многу важни“.
„Се додека имаме позитивни резултати сме поблиску до Светското првенство, сите дечки во репрезентацијата го даваат максиумот, се подготвуваме, има добра атмосфера, ќе продолжиме така и се надевам на успех“.
Голот на Трајковски против Саудиска Арабија: