Дончиќ со моќна партија го потопи Израел!

Словенија со убедливи 106-96 славеше над Израел во последниот меч од групната фаза, Лука Дончиќ одигра брилијантен меч.

Словенците уште во првото полувреме дојдоа до предност која само ја одржаа до крајот за триумф. На одморот се замина со 56-43 за Словенија, конечниот резултат гласеше 106-96.

Лука Дончиќ мечот го заврши со 37 поени, имаше 11 скокови и девет асистенции, само една му недостасуваше за трипл-дабл, вториот најефикасен Словенец имаше помалку од половина од тоа што го постигна главната ѕвезда, Николиќ даде 16 поени. Најдобар кај Израел беше Авдија со 34 поени.

Во овој термин се одигра и мечот меѓу Италија и Кипар. Италијанците го прегазија противникот со 89-54. 

Одиграа тимски, сите добија шанса, па најефикасни беа Фонтечио и Спањоло со по 13 поени. Најдобар кај Кипар беше Тигас со 15.