Кристијано Роналдо предизвика скандал во Ерменија (ВИДЕО)

Португалија утре се среќава со Ерменија во Ереван, а денеска, во хотелот каде е сместена репрезентацијата, се случи мал инцидент во кој учествуваше Кристијано Роналдо.

Нормална и очекувана е еуфоријата секаде каде што ќе се појави тој, па исклучок не е ни ерменската престолнина. Пред хотелот се собраа голем број фанови на Роналдо, некои успеаја да ја пробијат оградата и да се доближат до него, едниот се обиде да се фотографира, но грубо беше оттурнат од фудбалерот на Ал Наср.

Веднаш реагираше обезбедувањето, а Роналдо мирно го продолжи својот пат заедно со уште неколку соиграчи.