„Кога губиш не е добро, Саудиска Арабија беше тест, но Лихтенштајн треба да го победиме“

Maкедонската фудбалска репрезентација по поразот од Саудиска Арабија ги продолжи подготовките за натпреварот со Лихтенштајн на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Лихтенштајн в недела ќе гостува на Националната арена „Тодор Проески“, а пред овој дуел своите очекувања ги истакна и фудбалерот Исник Алими.

Алими потенцираше дека не е важно колку гола ќе постигнеме, туку најважни се трите бода. 

„Нормално, кога губиш не е добро. Саудиска Арабија е добар тим, а ние почнавме со неколкумина нови фудбалери во почетниот состав. Беше добар тест за нас, да видиме до каде сме и треба да анализираме што не беше добро за да не се повтори на следните натпревари. Сега секоја репрезентација е сериозна, но со Лихтанштајн ние треба да победиме, не е важно дали е 1:0, 3:0 или 5:0, најважно е бодовите да останат во Скопје. Тоа е целта за овој меч“, изјави Алими.

Натпреварот со Лихтенштајн е закажан за во терминот од 18:00 часот.