Вардар има ѕвер: Мато со два гола ја остави Уганда во игра за СП! (ВИДЕО)

Напаѓачот на Вардар, Роџерс Мато одигра одличен натпревар во дресот на репрезентацијата на Уганда и беше најдобар на теренот во триумфот над Мозамбик од 4-0.

Уганда сите четири гола ги постигна во второто полувреме, а два од нив беа дело на Мато. Голгетерот на црвено-црните прво погоди за 2-0 во 70. минута, а потоа и во 84. минута за 3-0. Преостанатите два погодоци беа дело на Окело и Кардоси.

Со овој гол Уганда се израмни на табелата токму со Мозамбик со кој има по 12 бодови и остана во игра за втората позиција која носи во баражот за СП. Прв во групата е Алжир со шест бода повеќе. За нив следат Гвинеја со 10, Боцвана има девет и Сомалија еден.

Фото: Federation of Uganda Football Associations/FB