Крај на една ера: Даниел Леви по 25 години заминува од Тотнем!

Даниел Леви во 2000 година беше именуван за извршен претседател на Тотнем, по 25 години во оваа улога, тој соопшти дека се повлекува од функцијата во лондонскиот клуб.

За 25 години како извршен претседател на Тотнем, Даниел Леви успеа да направи модерен тренинг центар на клубот и прекрасен стадион. Тимот го освои Лига Купот и Лига Европа, а играше и финале во Лигата на шампионите.

Но, Леви беше и многу критикуван од фановите на Тотнем поради недоволни инвестиции за трансфери, како и чудни одлуки, особено онаа да го отпушти Анже Постекоглу откако со него ја освоија Лига Европа и се вратија во Лигата на шампионите.

„Неверојатно сум горд на работата што ја завршив заедно со извршниот тим и сите наши вработени. Го изградивме овој клуб во глобална тешка категорија натпреварувајќи се на највисоко ниво. Повеќе од тоа, изградивме заедница. Имав среќа да соработувам со некои од најголемите луѓе во овој спорт, од тимот на Лиливајт Хаус и Хотспур Веј до сите играчи и менаџери низ годините. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи што ме поддржуваа низ годините. Не беше секогаш лесно патување, но е постигнат значителен напредок. Ќе продолжам страсно да го поддржувам овој клуб“, соопшти Даниел Леви.

Клубот исто така соопшти дека ќе остане на истата патека, сопствеништвото нема да се менува, акционерите остануваат исти. Винаи Венкатешам е назначен за извршен директор, додека Питер Карингтон ќе биде промовиран во ново креираната улога, неизвршен претседател.