Лихтенштајн прими шест гола пред гостувањето во Скопје (ВИДЕО)

Белгиската репрезентација се доближи на само еден бод од Македонија откако вечерва славеше со 6-0 на гостувањето кај аутсајдерот Лихтенштајн.

Веројатно никој не очекуваше поинаков исход и покрај тоа што домашната селекција се држеше речиси половина час. Де Кујпер, фудбалерот кој погоди и во Скопје против Македонија, го отвори резултатот, а од почетокот на вториот дел следуваше вистинска канонада кон голот на Лихтенштајн.

Тукушто тргнаа од центар, Белгијците поведоа со 2-0 преку Тилеманс, а потоа погодија уште Теате, Де Брујне, повторно Тилеманс, но од пенал и во судиското продолжение - Фофана.

Standings provided by Sofascore

По три одиграни натпревари, Белгија се наоѓа на третото место со седум бода, а в недела на домашен терен ќе го пречека Казахстан. Лихтенштајн одигра четири меча на кои не само што не освои бод, туку и не постигна гол, а пред неделното гостување во Скопје има гол-разлика 0-14.