
Германија, Србија, Словенија и Франција заедно - долниот дел од костурот на ЕП е застрашувачки
Долна страна од костурот е исклучително атрактивна и таму ќе се води голема борба за пласман во финалето. Најинтересен дуел на осминафиналето ќе биде дуелот меѓу Италија и Словенија, а во тој се уште репрезентациите на Германија, Србија и Франција.
Теоретски, можно е во четвртфиналето да се сретнат Србија и Франција, како и Германија со Италија или Словенија. Впечаток е дека тој што ќе излезе како победник од овој дел од костурот ќе биде фаворит за освојување на титулата на Европското првенство. Во „горниот“ дел нема толкава конкуренција и на хартија најголеми фаворити таму се Грција и Турција чиј дуел е можен во полуфиналето.