Пелистер вчера го освои Суперкупот, а денеска со победа ја почна Суперлигата

Неполни 24 часа откако триумфираше против Вардар во Суперкупот на Македонија, шампионот Пелистер со убедлива победа ја почна одбраната на титулата во домашното првенство.

Тимот на Бутел претстојниот викенд гостува во Луксембург во рамките на ЕХФ Европскиот куп, па денеска ги пречека битолчани на кои исто така им одговараше терминот затоа што идната недела ги очекува мечот од првото коло на Лигата на шампионите. И покрај тоа што вчера имаше тежок натпревар, Пелистер не дозволи да има неизвесност и лесно излезе на крај со домашниот тим.

Петар Атанасијевиќ беше најдобар со десет гола, пред Мирче Калајџиоски со четири, исто колку што имаа најефикасните играчи на Бутел, Димитар Узунчев и Дејан Михајловиќ.